Дома Фудбал Италија Гатузо дојде и донесе мир во Неапол: Елмас и друштвото нема да плаќаат казни

Гатузо дојде и донесе мир во Неапол: Елмас и друштвото нема да плаќаат казни

Конечно изгледа работите се враќаат во нормала во Неапол, барем кога е односот помеѓу претседателот и играчите.

Весникот од Неапол „Ил Матино“ објави дека Де Лаурентис одлучил да ја повлече својатао длука за казни на играчите. Најмногу на удар на првиот човек на Наполи се најдоа: Алан, Инсиње, Мертенс и Каљехон, а сега на нив како и на сите останати им е простено со цел вниманието да се насочи кон игрите на теренот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Истиот извор наведува дека претседателот одржал состанок со играчите на кој се дошло до заеднички заклучок дека сите треба да ги спојат силите за да ја спасат сезната.

Де Лаурентис после разделбата со Анчелоти го ангажираше Гатузо кој се смета за идеален тренер за вадење на екипата од емотивна криза, но првата шок терапија не беше успешна. Јасно е дека Гатузо на тренерско ниво не е на ниво на Анчелоти, меѓутоа прерано е да се осудува работата на Рино.

Наполи после 16 одиграни кола има само 21 бод и се наоѓа на осмата позиција во италијанската Серија А. Тимот има 18 бодови помалку од водечките Интер и Јувентус и 11 помалку од четвртопласираната Рома.

Македонскиот фудбалер од реодвите на Наполи Елиф Елмас требаше да плати казна од 55.000 евра според процентот од неговите годишни примања, меѓутоа како на сите и неговата казна ќе биде поништена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…