Дома Фудбал Италија Гатузо гледа подобрување: Почнуваме да наликуваме на вистински тим!

Гатузо гледа подобрување: Почнуваме да наликуваме на вистински тим!

Не му беше ниту малку лесно кога го превззема Милан, но поради последните два натпревари има причина за задоволство.

Тимот на Милан денес ремизираше на гостувањето во Фиренца, одигра 1:1, а она што посебно го радува тренерот Гатузо е играта на неговиот тим по примениот погодок.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Само четири минути по примениот погодок, Милан преку Чалханоглу ја анулираше предноста.

„Не сакавме да изгубиме, иако знаевме дека нашите фудбалери не се во најдобра состојба. Вистина е дека не направивме многу во првото полувреме, но во второто полувреме реагиравме на вистинки начин и можевме дури и да победиме“.

„Тимот полека започнува да го добива вистинскиот дух, никогаш не смееме да се прдавме, можеби не е убаво за око, но сега веќе наликуваме на вистински тим. Не беше најдобро, но јас сум задоволен на начинот на кој стигнавме до бод. Не заборавајте дека Фиорентина околу 500 минути немаше примено погодок во Серија А“, истакна Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Традицијата е против Рашфорд: Покажува дека нема да успее во Барса, еве и зошто!

Барселона ова лето го доведе Маркус Рашфорд на едногодишна позајмица од Манчестер Јунајтед…