Мауро Икарди го избрал новиот клуб.
Како што пишува „Газета дело Спорт“ аргентинскиот напаѓач одлучил и ќе потпише за Јувентус! Реномираниот италијански медиум пренесува дека Икарди ги одбил сите други понуди кој ги добил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер не сакал да го продаде Икарди на големиот ривал. Меѓутоа директорот Бепе Марота одлучил да разговара со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели и да се обиде да постигне договор со кој и двете страни би биле задоволни.
„Газета“ пишува дека „нероаѕурите“ ќе се обидат да го добијат Паоло Дибала кој би можел да го напушти Јувентус. Братот на Аргентинецот вчера порача дека Дибала не е среќен во Јувентус и дека постојат големи шанси да го напушти Торино (тука)
На крајот се би можело брзо да завршено. Ако се точни информациите на „Газета“ дека Икарди одлучил да се пресели во Јувентус тешко дека некој би можел да го убеди да го промени мислењето.
Gazzetta dello Sport: #Juventus agree personal terms with Mauro Icardi, but a fee remains a stumbling block https://t.co/DCu99IvYG7 #FCIM pic.twitter.com/tjiW9q2xNP
— footballitalia (@footballitalia) May 17, 2019
Се додава дека Икарди имал понуди од Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид, но на крајот одлучил да ги одбие тие понуди и да го избере гигантот од Торино.
Ќе потсетиме, пред околу два месеци италијанскиот новинар Танкреди Палмери тврдеше дека Икарди постигнал договор со „старата дама“.