Аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала од 2015 година е фудбалер на Јувентус, но сезоната која завршува би можела да биде негова последна во црно-белиот дрес.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Долго време во медиумите се пишува дека Дибала не е среќен во Јувентус и дека може да си замине, но сега работата станува сериозна затоа што се огласи братот на Аргентинецот.
Братот на Дибала, Густаво за италијанските медиуми јасно без заобиколувања порача дека постојат големи шанси Дибала да го напушти Јувентус ова лето.
Освен тоа Густаво порача и дека Дибала не е единствениот фудбалер на Јувентус кој не е премногу среќен во Торино.
„Да, навистина постојат големи шанси Дибала да го напушти Јувентус ова лето. На Паоло му е потребна некоја промена. Не можам сега да ви кажам каде ќе оди и кој клуб би бил добро место за него, но дека постојат шанси да замине, постојат“.
„Тој не е среќен во Јувентус, ама не е единствениот играч кој се чуствува така. Повеќе играчи на Јувентус се чуствуваат непријатно во Јуве“, изјави Густаво.
Потоа тој беше запрашан дали Дибала има проблем со Кристиано Роналдо.
„Кристиано е одлична личност, Паоло немал никаков проблем со него. Можеби не размислуваат исто и имаа некои тактички недоразбирања, но да не заборавиме дека тие се различни играчи“, дополнил Густаво.