Дома Фудбал Англија Газдите на Рома го купија Евертон

Газдите на Рома го купија Евертон

Англискиот Премиер лигаш Евертон има нови сопственици, откако мнозинскиот дел од акциите на клубот од 94,1 отсто го купи групата Фридкин од претходниот сопственик, иранскиот бизнисмен Фархад Мошири.

Групацијата Фридкин ја поседува и Рома, клуб кој игра во италијанската Серија А. 

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


 Рајан Фридкин, синот на Ден Фридкин, сега ќе биде задолжен за „Волчицата“ и семејството нема намера да го продаде римскиот клуб.

Детали од купопродажбата не се објавени, но според пишувањата на британските медиуми, договорот е тежок помеѓу 400 и 500 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Немања Матиќ повторно се врати во Серија А – познато чиј дрес ќе го носи!

Српскиот играч од средниот ред, Немања Матиќ, брзо најде нов клуб откако ја прекина сорабо…