Во овој момент екипата на Сампдорија е последна на табелата во Серија А со само два освоени бодови, но клубот наскоро би можел да добие нови богати газди.
Агенцијата „АНСА“ на емирот од Катар според последните информации е заинтересирана да ја купи Сампдорија. Тамим бин Хамад Ал Тани во овој момент го поседува ПСЖ, а сака да се прошири и во Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сампдорија е клуб кој има и Скудето во Серија А од сезоната од 1990/1991, а четири пати го освои Куп трофејот во Италија.
Најавите се дека со катарската финансиска инвестиација Сампдорија може да биде сериозна конкуренција на водечките клубови во Италија.
Треба да споменеме дека Сити групацијата минатата година го презема сицилијанскиот Палермо кој засега е на добар пат да се врати во елитата.