Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус (24) би можел да стане нов напаѓач на Јувентус.
Како што пишува „Газета дело спорт“ клубот од Торино сака да ангажира нов напаѓач, а меѓу кандидатите е и 24 годишниот Бразилец од Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на „Газета“ Сити би можел да го испрати на позамица Жесус со обврска Јувентус да го откупи на крајот од сезоната. Таквата идеја наводно им се допаднала во Торино.
Не е јасно дали Жесус би пристигнал и ако Кристиано Роналдо остане во клубот, засега иднината на Португалецот не 100% сигурна и таа ќе биде решена по завршувањето на Европското првенство.
Жесус веќе пет години е член на Манчестер Сити. Пристигна од Палмеирас за 33 милиони евра и во 195 настапи постигна 82 гола.