Габигол пред две години пристигна во Интер како големо засилување, но не се снајде најдобро на „Џузепе Меаца“ и одигра само десет меча на кои постигна еден гол.
„Нероаѕурите“ најпрво го испратија на позајмица во Бенфика, а сега Бразилецот се врати во својот матичен клуб, Сантош.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се уште сум млад и имам многу цели пред мене. Една од нив е да победувам со дресот на Интер. Имаше многу очекувања за мене. Дадов се од себе, но очигледно тоа не беше доволно. Во Бразил се ми е добро и сум среќен. Играм во клубот кој го сакам, но на 31 декември мојата позајмица истекува, а потоа ќе видиме. Мојот договор со Интер е до 2021 година“, изјави Габигол.
До моментов, Габигол има постигнато 12 голови на 23 средби за Сантош, па може да се каже дека ја оживеа својата кариера во Бразил.
„Пред се е тимот. Сега не сакам да сопирам со головите. Беше сон да се биде капитен на тимот. Јас веќе играв во репрезентацијата на Бразил. Не знам зошто не се снајдов во Италија. Многу луѓе очекуваа големи работи од мене. Направив се што е во моја моќ за брзо да се прилагодам, но работите не тргнаа во добар правец. Сепак, јас не се предавам. Разочарувачката сезона во Интер ќе биде од корист за мојот развој. Никогаш нема да зборувам лоши работи за Интер“, заклучи Бразилецот.
Com os dois gols marcados diante do Paraná, Gabigol assumiu a artilharia do Brasileirão de maneira isolada. ??? pic.twitter.com/Sfar9K0ER6
— Esporte Interativo (@Esp_Interativo) September 10, 2018