Репрезентацијата на Словенија ќе биде првиот противник на Македонија на Европското првенство кое ќе стартува на 13. јануари во Дебрецин.
Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш во интервју за „Сиол“ даде коментар за македонската репрезентација.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Македонија е еден силен тим, знаат да бидат понесени од емоциите и да играат со целото срце за националниот дрес. Тоа секако е голема опасност за нас. Опасни се во првите натпревари на турнирите, дури победувале селекции како што се Франција и Данска. Меѓутоа секако дека и ние сме добар тим. Не знам многу како ќе се одлучи да игра Лазаров кој е еден страшен ракометар, но самиот тој не може да не победи. Почнаа да играат брз ракомет и ако имаат расположени голмани тогаш се многу опасни“, изјави Врањеш во кратката анализа за Македонија.