Полскиот голман, Војчех Шчесни кој летово си замина од Јувентус, денеска објави дека донел одлука за крај на кариерата.
Пред десетина дена, 34-годишниот фудбалер го напушти Јувентус, каде што играше од 2017 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не само што го остварив својата сон, туку и стигнав до места каде што моето имагинација дури и не би се осмелила да ме одведе. Играв на највисоко ниво со најдобрите играчи во историјата. Создадов пријатели за цел живот. Сѐ што имам и сѐ што сум, го должам на прекрасната фудбалска игра. Но, исто така ѝ дадов на играта сѐ што имав. Денес, додека моето тело е сѐ уште подготвено за предизвици, моето срце веќе не е на вистинското место,“ напиша Шчесни социјалните мрежи.
Долго време Шчесни беше и прв голман на полската репрезентација за која собра 84 натпревари.