Дома Македонски спорт Мак баскет Војдан Стојановски: Се надевам дека ова е нов почеток за репрезентацијата

Војдан Стојановски: Се надевам дека ова е нов почеток за репрезентацијата

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација претпладнево ги започна мини подготовките за натпреварите со Словачка и Швајцарија за пласман во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2021 година.

На првиот рапорт кај селекторот Јорданчо Давитков се појавија 15 кошаркари, па во отсуство на Чековски и Трајковски, одговорноста сигурно ќе ја преземат најискусните Александар Костоски и браќата Стојановски.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Треба да ги поминеме овие претквалификации, да започнеме да одиме нагоре. Ни требаат успеси. Овие две лета што ги имавме беа неуспешни за македонската кошарка и за нас индивидуално. Се надевам дека ова ќе биде еден нов почеток. Словаците се навистина добра репрезентација, физички се доста силни, добро трчаат. Сигурно дека таму нѐ очекува тежок натпревар. Ако не одиграме со 100% од силите, ќе ни биде многу тешко“, изјави капитенот Војдан Стојановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…