Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за квалификациските натпревари против Франција во Ле Ман на 2. септември и против Србија на 7. септември во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.
Првиот предизвик за новиот селектор на младинската репрезентација, Драган Канатларовски ќе биде силната Франција.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
“Започнавме со подготовките, се надевам дека се ќе биде во ред до натпреварот со Франција. На двата тренинзи ги реализираме идеите на новиот селектор, имаме одлична комуникација и се обидуваме да ги оствариме неговите замисли“.
„Располагаме со квалитетен тим, се надевам дека ќе ги оствариме поставените цели пред почетокот на овој квалификациски циклус. Фокусирани сме максимално на првиот натпревар и дуелот со селекцијата на Франција. Не очекува тежок меч, но ова е фудбал и сѐ можно. Се надевам дека ќе се прикажеме во добро светло и се надеваме на позитивен почеток во квалификациите и тешкото гостување во Ле Ман. Франција е топ фаворит во групата и тешко е да се ветува било каков резултат. Имаме право да ветиме дека ќе дадеме максимум од нашите можности и тоа ќе го направиме“, изјави Арби Воша, фудбалерот на Македонија Ѓорче Петров.
Фото: ФБ/Арби Воша