Новиот прволигаш, охридска Воска го претстави денес првото засилување за дебитантската сезона во најсилната македонска конкуренција.
Нов фудбалер на охридскиот клуб е Фатих Исмаили кој пристигнува со големо искуство во ПМФЛ.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Во новата сезона Фатих Исмаили ќе ги брани боите на нашиот тим кој за првпат ќе игра во ПМФЛ. Исмаил е фудбалер кој има искуство мак-елитата, носејќи ги дресовите на Шкупи и Работнички, краток период беше и во Гостивар“, соопштија од Воска.
Исмаили со своите 25 години во ПМФЛ одигра 94 натпревари, а беше дел и од шампионскиот тим на Шкупи во сезоната 2021/2022. Во Воска пристигнува од Работнички, договорот кој го потпиша е на една година со можност за продолжување.
Ќе потсетиме, Воска пред неколку дена го претстави и Црногорецот, Миљан Радовиќ за нов стратег.