Дома Фудбал Лига на шампиони Воодушеви на Мундијалот, а утре ќе игра против клубот кој е негов сон – Барселона!

Воодушеви на Мундијалот, а утре ќе игра против клубот кој е негов сон – Барселона!

lozano

Утре и официјално започнува новата сезона во Лигата на шампионите, а еден од првите натпревари кои ќе се игра ќе биде натпреварот помеѓу Барселона и ПСВ.

Јасно е кој е фаворит во утрешниот дуел, а фудбалерот во кој ПСВ ќе положува големи надежи е Ирвинг Лозано.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој млад фудбалер воодушеви на Светското првенство во Русија, а набрзо потоа се појавија информации дека Барса е заинтерсирана за неговите услуги. Сепак, тој остана во ПСВ барем засега.

Иако утре неговиот ПСВ ќе игра против Барселона, Лозано на конференцијата не можеше да го сокрие воодушевувањето кон клубот од „Ноу Камп“ и идејата еден ден да го облече дресот на каталонсиот гигант.

„Менаџерот ми кажа дека постоел контакт со Барселона. Доколку би заиграл за овој клуб тоа би било остварување на сонот“, изјави Лозано.

Барселона и ПСВ својот натпревар го играат во новиот термин од 18:55 часот, па доколку Лозано се покаже против Каталонците шансите за остварување на неговиот сон сигурно би биле значително поголеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Емери се уште не може да си поверува што направи неговиот фудбалер: Најголемата грешка што сум ја видел

Aстон Вила играше одлично од почетокот на сезоната во Лигата на шампионите, но перфектниот…