Дома Фудбал Италија „Волчицата“ гризе и без Џеко, три парчиња во мрежата на Буфон!

„Волчицата“ гризе и без Џеко, три парчиња во мрежата на Буфон!

Екипата на Рома запиша убедлива победа во дербито на 36 коло во Серија А против Јувентус.

Тимот на Лучијано Спалети со 3:1 го совлада актуелниот шампион на Италија. На стартот од средбата „бјанконерите“ беа поконкретни и една од шансите искористи Марио Лемина кој погоди за 0:1 во 21 минута од средбата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак само четири минути подоцна Де Роси го изедначи резултатот, па на полувреме се замина со 1:1. Во вториот дела Стефан Ел Шарави зголемува на 2:1, за конечните 3:1 да ги постави Раџа Наинголан во 65 минута од средбата.

После оваа победа Рома се враќа на втората позиција со четири бода помалку од „старата дама“ пред последните две кола во Серија А.

„Волчицата“ теоретски сеуште има шанси за титулата, но тешко е да се верува дека Јувентус нема да запише победа во еден од последните два натпревари во кои игра против Кротоне и Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…