Македонскиот репрезентативец и член на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски ова лето би можел да се пресели во Бундеслигата.
Имено, Волфсбург бара решение за десната бековска позиција и на нивната листа со желби се нашол токму Стефан Ристовски, пренесува „А Бола“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој тим сезоната во Бундеслигата ја заврши на седмото место со што избори место во квалификациите за пласман во фазата по групи во Лига Европа.
Весникот тврди дека Волфсбург спремил и понуда од 4 милиони евра за македонскиот репрезентативец.
Ристовски го носи дресот на португалскиот тим од 2017 година и досега има одиграно 82 натпревари за „лавовите“, па останува да видиме дали оваа сума ќе ги задоволи нивните апетити.