Фановиоте на италијански Јувентус, сметаат дека клубот мора да направи се за да го задржи Марио Манџукиќ во своите редови.
Во сенка звучните засилувања, Марио израсна во херој на Јувентус. На домашен терен тој е неприкосновен идол на „бјанконерите“, пред се поради својата борбеност и жртвувањето за тимот.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Оваа сезона Алегри го користи за страничните позиции, а многумина сметаат дека токму тоа е еден од клучните потези за Италијанецот за фантастичната сезона на Јувентус.
Бешикташ му нуди огромна сума на пари, но навивачите сметаат дека Јувентус мора да парира на таа понуда и да го задржи Хрватот. Манџукиќ има договор до 2019 година, а прашање е дали би сакал да игра крилната позиција до тогаш, бидејќи во нападот покрај Игуаин тешко дека ќе добие шанса. Сето тоа ги компликува работите, но останува да видиме што ќе се случува.