Диего Марадона го опиша Андрес Иниеста и кој и да го сака овој играч, а малкумина се оние кои не го сакаат, се воодушевени од начинот на кој Марадона тоа го направи.
Шпанија на Мунијалот изгледаше далеку поуверливо, што можеби и не изненадува, со оглед на тоа дека во пресрет на првенството, беше отпуштен селекторот Лопетеги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, Иниеста, кој премина од Барселона во јапоснки Висел Коб, по речиси две децении, беше на својата препознатлива разина.
„Иниеста е тотална ѕвезда“, истакна Марадона за „Марка“.
„Игра како да е облечен во свечено одело и со чевли на нозете“.
За разлика од Иниеста, Марадона неодамна не се изрази пофално за Серхио Рамос пак, за кој верува дека не е така добар како стоперот на Атлетико Мадрид, Диего Годин.
Рамос тогаш одговори дека Марадона е светлосни години далеку од Лео Меси како најголем аргентински играч, а 57-годишникот, не е во состојба да расправа за проценката на борбениот бранител.
„Ако Серхио Рамос тоа го сака, јас можам да се извинам, но нема да го променам своето чисто фудбалско размислување“, додаде.
„Тој е фантастичен играч, тој е голем капитен, може да стане добар предводник, како што е во Реал Мадрид, но не и ѕвезда. Не ми е гајле што зборуваат, јас слободно мислам. Па така, ако Серхио се навредил, се извинувам, но се уште го мислам истото“.
Марадона исто така го пофали истоименикот Диего Коста – играч кој можеби повеќе го почитува отколку самиот себеси Коста.
„Диего е војник, секогаш би го сакал во својот тим. Многумина не го сакаат неговиот лукав начин на игра, но одбранбените играчи исто така не се сестри на љубовта.“