Дома Топ вести Во Јунајтед убедени дека ќе го доведат Ансу Фати

Во Јунајтед убедени дека ќе го доведат Ансу Фати

Раководството на Манчестер Јунајтед е убедено дека ќе успее да ја доведе младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати, пишуваат англиските медиуми.

На „Олд Трафорд“ не ја кријат желбата да го доведат 17-годишниот талент и веќе работат на трансферот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јунајтед веќе испрати две богати понуди за Фати, но тие беа експресно одбиени од страна на Барселона. Меѓутоа, англискиот гигант не се откажува и внимателно ја следи ситуацијата.

Барселона има две големи трансфер цели ова лето, Нејмар и Лаутаро Мартинез, па ќе им биде потребен голем буџет, а поради тоа се спремни да продадат некои од своите ѕвезди.

Исто така евентуалното доаѓање на двајцата фудбалери ќе го намали просторот за Фати да има поголема минутажа, па тоа ќе биде шанса за Јунајтед да го реализира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…