Oваа сезона одигра само 12 минути и очекувано беше да замине на позајмица.
Напаѓачот на Јувентус, Моис Кин наскоро ја менува средината и би требало да замине на позајмица, а каде ќе ја продолжи кариерата ќе биде познато во наредните два месеци.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Овој 18 годишен фудбалер до сега одигра само 12 минути во текот на целата сезона за Јувентус.
Тој доби шанса да заигра и за репрезентацијата на Италија и вечерва против САД ќе има прилика да дебитира.
„Тој не пронајде многу простор за игра во Јувентус затоа што тука играат големи шампиони како Роналдо Манџукиќ и Дибала“, изјави неговиот брат Џовани Дос.
Потоа потврди и дека дефинитивно ќе биде испратен на позајмица.
„Парма или Сампдорија? Не би рекол, мислам дека нема да остане во Италија. Тој сака да се проба во друго натпреварување кое е поинакво од Серија А“, откри Дос.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!