Поранешниот светски шампион на 110 метри со пречки, легендарниот Колин Џексон остана без зборови откако денес норвешкото чудо Карстен Вархолм постави рекорд од 400 метри со што ја помести границата под 46 секунди во оваа делница.
Норвежанецот Вархолм го воодушеви светот откако го урна рекордот за 76 стотинки и тоа само еден месец откако после 26 години светската атлетика виде нов светски рекордер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вархолм трката ја истрча за неверојатни 45.94 секунди.
„Кога се светските рекорди во прашање овој на Карстен е рамо до рамо со тие на Болт и Грифит Џојнер. Ова е еден од оние нереални светски рекорди, еден од најневеројатните. Во шок сум после ова што видов“, порача Џексон.