Дома Фудбал Германија Во Шалке задоволни од Чурлинов: Тој е луд играч кој знае да направи разлика

Во Шалке задоволни од Чурлинов: Тој е луд играч кој знае да направи разлика

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов игра одлично во дресот на Шалке кој сигурно чекори кон враќање во Бундеслигата.

Шалке е лидер во Цвајт и се наоѓа во пол-позиција за директна промоција и кам-бек помеѓу најсилните германски клубови. Чурлинов игра на позајмица во Гелзенкирхен, а неговиот агент Мехмет Есер порача дека Чурлинов е среќен, но дали тој ќе остане во Шалке ќе се прашува и Штутгарт.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„На Дарко му е убаво во Штутгарт и го сака клубот, сака да остане. Ние го почитуваме и тоа што тој има уште две сезони од договорот со Штутгарт“, изјави Есер.

Од Чурлинов е задоволен и тренерот Мајк Бусенс.

„Добро знаеме што имаме со Дарко како играч, тој е емотивен и понекогаш луд играч кој знае да направи разлика. Го сака клубот и покрај тоа што тука е само десет месеци“, изјави Бусенс.

Во дресот на Шалке Чурлинов одигра 1.151 минути, постигна два гола и подели уште четири асистенции, а имаше учество и во уште неколку гола на германскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Шефот на Баерн го негира интересот кон Салах

Спортскиот директор на Баерн Минхен Макс Еберл ги отфрли шпекулациите за евентуално доведу…