Дома Фудбал Италија Во Серија А може да се игра плеј-оф за Скудето

Во Серија А може да се игра плеј-оф за Скудето

Претседателот на италијанскиот фудбалски сојуз Габриеле Гравина призна дека во април би можеле да гледаме плеј-оф за Скудето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Откако тамошната влада ги прекина сите спортски настани до 3-ти аплрил, стана јасно дека Серија А нема да оди во својот тек и дека треба да се преземе нешто.

Имаше предлози конечната табела да се одреди според моменталните позиции на табелата, што е нереално, па најизгледно е дека ќе се игра плеј-оф.

Гравина појасни дека првите четири екипи би можеле да играат плеј-оф за Скудето, додека последните четири ќе играат плеј оф за едно место за опстанок, додека остантите три ќе се преселат во Серија Б.

„Се надеваме дека сезоната ќе заврши како што планираме, бидејќи ако продолжиме на 3-ти април можно е да се одиграат сите натпревари“, изјави Гравина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Цената за заминувањето на Мбапе би била околу 350-400 милиони евра

Сонот на Килијан Мбапе за трансфер во Реал Мадрид брзо се соочи со пречки, што предизвика …