По 21 година функционирање во пониските лиги, Комо се врати меѓу италијанските прволигаши. Клубот чии малцински сопственици се познатите играчи Тиери Анри и Цеск Фабрегас, кој е и помошник тренер, продолжува да работи на својот подем и се обидува да привлече силни имиња во тимот. Еден од нив е Рафаел Варан.
Стоперот кој одигра повеќе од 350 натпревари за Реал Мадрид и околу стотина за Манчестер Јунајтед има статус на слободен играч. Во кариерата со Реал освои се што е можно на клупски план, а со репрезентацијата беше светски првак и еднаш вицешампион на светското првенство.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во своите најдоби времиња вредеше 80 милиони евра. Денеска 31-годишниот Трансфермаркт го проценува на 20 милиони евра, но сепак е играч кој многу клубови би сакале да го видат во своите редови.