Роберт Левандовски се уште не одиграл ниту еден официјален натпревар за Барселона, а веќе ќе го постави првиот рекорд.
Левандовски ова лето премина од Баерн во Барселона за 50 милиони евра и предизвика големо внимание од светската јавност, а посебно во Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во јули 2003 година Роналдињо на „Камп Ноу“ го дочекаа 25.000 навивачи кога Бразилецот потпиша.
Но се верува дека во петок кога ќе биде претставен Левандовски тој рекорд ќе падне.
Каталонскиот „Спорт“ пренесува дека темпото со кое се купуваат влезници за претставувањето на Левандовски е доволно рекордот да се сруши.
Барселона ќе мора да ги отвори и дополнителни трибини за да ги прими сите навивачи. Проценките и очекувањата во овој момент се дек на трибините ќе има околу 30.000 навивачи.