Неизвесноста околу иднината на францускиот репрезентативец Килијан Мбапе повторно стана топ тема.
Договорот на францускиот напаѓач со ПСЖ истекува во 2024 година, иако може да биде продолжен доколку се активира клаузулата за продолжување бидејќи тој потпиша на две години плус.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, француските медиуми тврдат дека Мбапе денеска испратил формално писмо до ПСЖ, во кое им порачал дека во никој случај нема да ја активира опцијата во договорот, односно дека на лето ќе го заврши престојот во француската престолнина до 2024 година. Тоа значи е дефинитивната одлука на еден од најдобрите светски фудбалери во овој момент.
Секако, тоа ги загрижи челниците на францускиот шампион, бидејќи тие сега ќе бидат во искушение да го продадат веќе ова лето, а не е тешко да се предвиди кој ќе биде неговиот следен клуб.
Сон на Мбапе е Реал Мадрид, а Кралскиот клуб напорно работи да го ангажира. Планот на Флорентино Перез е да го земе како слободен играч на лето, додека сега се отвора можност да го купи по нешто поевтина цена од очекуваната поради одлуката на играчот да не ја продолжи соработката со францускиот шампион.
Во минатото Флорентино Перез понуди 180 милиони евра за француската суперѕвезда, но Мбапе реши да остане во ПСЖ.
Сепак, она што многумина веруваат дека е неизбежно може да се случи следното лето. А тоа е Мбапе да заврши во дресот на клубот за кој навиваше како дете.