Во Наполи се многу лути поради случувањата на првиот полуфинален натпревар од Купот каде Јувентус победи со 3:1 со два досудени пенали.
На „Сан Паоло“ сметаат дека многу од одлуките на судијата Паоло Валери се донесени во корист на Јувентус, а „Кориере дело Спорт“ дознава дека претседателот Де Лаурентис одлучил за реваншот да настапи со младиснкиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа е знак на бојкот и Наполи наводно на тој начин покажува дека нема ни да се потруди да ја стигне предноста на „бјанконерите“ од првиот натпревар.
Весникот вели дека сопственикот на Наполи бил толку бесен што дури се заканил дека реваншот ќе го игра со младинци во знак на протест.
Реваншот е на програмата на 4-ти април, па останува да видиме дали Наполитанците ќе останат на својата одлука или сепак ќе одлучат со ладни глави