Манчестер Јунајтед нема да игра во Лигата на шампионите откако клубот од „Олд Трафорд“ одигра катастрофална сезона.
„Црвените ѓаволи“ во сезоната влегоа со Оле Гунар Солскјер на клупата. Потоа дојде Ралф Рагник, но лошите реузлтати продолжија, па така Јунајтед нема да биде дел од европската елита наредната сезона.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Клубот поради отсуството од Лигата на шампионите ќе остане и без значително помалку приход, тоа ќе го почувствуваат и фудбалерите на кои ќе им бидат намалени платите. „Дејли Мејл“ пренесува дека на ѕвездите на Јунајтед ќе им бидат скратени платите за околу 25%.
Според тоа Кристијано Роналдо од сегашните 385.000 фунти неделно ќе заработува 288.000. Вториот најплатен е Де Геа и неговата плата од 375.000 фунти ќе се намали на 280.000. На удар секако ќе бидат и останатите.