Дома Останати Во Грузија претседателот го бркаше со шипка, а сега донесе бронза за Србија во Токио!

Во Грузија претседателот го бркаше со шипка, а сега донесе бронза за Србија во Токио!

Спортистот од Грузија, Зураби Датунашвили кој ги брани боите на Србија освои бронза на Олимписките игри во Токио.

Датунашвили го победи Хрватот Иван Куклек со 6:1 во борбата за трето место.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Станува збор за спортист кој е роден во Грузија и за оваа репрезентација настапуваше до 2022 година тогаш одлучи да го промени националниот тим.

За Грузија освои медали на три Европски првенства, а двапати по ред беше европски шампион во борење во грчко-римски стил.

Познат во медиумите е и по неговата тепачка со претседателот на сојузот на Грузија во 2019 година, тогаш главниот човек на сојузот го нападна со шипка.

Приказната има позадина и од 2018 година кога сакаше да го напушти националниот тим на Грузија поради несогласувањата за начинот на кој работи сојузот. Поради тоа беше и дисквалификуван.

„Многу сум среќен по освојувањето на овој медал. Тоа беше мојата цел во Токио. Овој успех го должам на сите луѓе во Србија кои веруваа во мене. Ти благодарам Србијо“, изјави Датунашвили по освојувањето на медалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…