Дома Останати Во големата трагедија во Нови Сад загина и млад фудбалер

Во големата трагедија во Нови Сад загина и млад фудбалер

Србија и регионот во текот на вчерашниот ден беа потресени од трагедијата која се случи со рушењето на дел од железничката станица во Нови Сад во која животот го загубија 14 лица, а над 30 се повредени.

Во трагедијата животот го загубил и младиот фудбалер Милош Милосављевиќ (21) и неговата девојка Анѓела Руман (20).

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Информацијата преку социјалните мрежи ја потврди неговиот клуб Потисје од Книќанин.

„Со голема тага и болка ја известуваме јавноста дека нашиот соиграч, пријател и брат Милош Милосављевиќ Киви со својата девојка го загубија животот во страшната несреќа во Нови Сад. Почивајте во мир, ангели, никогаш нема да биде заборавени“, објави клубот.

Клубот Потисје се натпреварува во општинската лига на Зрењанин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…