Селекцијата на Германија на Мундијалот кој се одржа ова лето доживеа вистински дебакл, како што е познато Германците не успеаа да ја поминат групната фаза и завршија како последни во својата група.
Денес кога Јоаким Лев го објави првиот список на повикани фудбалери после бламажата на Мундијалот, „Билд“ пренесува ексклузива за тоа што се случува во германските кампови на припремите, а потоа и на самиот Мундијал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најчитаниот германски весник порачува дека Лев требало да проверив што репрезентативците носат со себе на репрезентативните собири.
Антонио Рудигер на Светското првенство со себе си носел луле. Познато е дека Лев дозволува една или две цигари, но прашање е како би реагирал во таква ситуација.
Јулијан Дракслер пак не се одвојувал од игањето сони, во кое учествувале и голем дел од останатите репрезентативци.
Во статијата на реномираниот германски медиум се наведува и дека во сојузот се обиделе проблемот да го решат со исклучување на интернетот во хотелот, но ниту тоа не помогнало.