Атлетико Мадрид е пред доведување на стопер од редовите на Еспањол.
Ова лето Атлетико ќе остане без добар дел од стартниот тим. Поради тоа Диего Симеоне и управата на „јорганџиите“ работат на доведување квалитетни замени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Досега клубот ги заврши трансферот на Маркос Љоренте за 30 милиони евра и Фелипе за 20 милиони евра, а на „Ванда Метрополитано“ нестрпливо го чекаат 1-ви јули кога се очекува да пристигне најскапото засилување во клупската историја на Атлетико – Жоао Феликс. До тогаш тие би можеле да ангажираат уште еден стопер, а тоа е Марио Ермосо од Еспањол. Преговите со каталонскиот клуб досега одеа бавно затоа што Атлетико на сите начини се обидуваше да ја спушти цената за поранешниот член на академијата на Реал.
Меѓутоа сега „Кадена КОП“ ексклузивно пренесува дека во Атлетико донеле одлука да ја платат клазулата за Ермосо која изнесува 40 милиони евра. Ова изгледа лудо затоа што договорот на Емосо со Еспањол истекува наредното лето.
Но, Симеоне има добра причина да побрза.
Во Атлетико сакаат да започнат со составувањето на последната линија која е најважна за Симеоне, а токму таму ќе има најголеми промени.
Интересно е што дури 50% од сумата за Ермосо ќе добие Реал Мадрид. „Кралевите“ дури и размислуваа да го доведат Ермосо затоа што имаат таква опција. Значи, Еспањол од заминувањето на Ермосо ќе добие 20 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=Pz_zCmNh6zI