
Вистинско изненадување ќе биде ако Алехандро Гомез останае во Аталанта откако тренерот Џан Пиеро Гасперини го отпиша.
Гомез вчера беше уште еднаш понижен откако Гасперини го испрати да тренира со вториот тим и со тоа доби јасна порака дека за него повеќе нема место во првиот тим на Аталанта.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Се поврзуваше Гомез со преминување во Интер и Милан, а првата конкретна понуда ја испратила Фиорентина. „Виолетовите“ му понудиле на Гомез двегодишен договор со плата од четири милиони евра.
Меѓутоа, Гомез порачал дека не сака да се пресели на „Артетмио Франки“ затоа што неговата цел е кариерата да ја продолжи во некој клуб кој игра во европските натпреварувања.