Аргентина не се прослави во последната година на големите турнири и така Лео Меси и екипата константно се под жестоки критики и притисоци, а за се сега зборуваше играчот за врска на Милан, Лукас Биља.
„Германците во 2014. година го избраа 36-годишниот Мирослав Клосе од една причина – кариерата да ја продолжи како најдобар стрелец на СП. Ние во Аргентина постојано себеси си поставуваме прашање дали некои работи се вредни и колку впрочем ги ценат играчите кои толку дале за националниот тим“, истакна Биља, па додаде:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Напнатост околу екипата дојде до врвот по финалето во Копа Америка и поразот од Чиле. Меси се повлече, но подоцна се промени мислењето. Никој не очекуваше да одиме до финалето, а кога изгубивме не „заклаа“. Уништена е врската помеѓу играчите и навивачите. Ние Аргентинците се уништуваме самите себеси, па дури во Аргентина имаше емисија во која се рапсраваше кој е добар со Меси, а кој не во репрезентацијата“.
Биља тврди и дека размислувал за крајот на репрезентативната кариера.
„Признавам дека размислував и за тоа. Кога го промашив пеналот во финалето се прашував дали имам сила да продолжам. Но, како што одминуваат деновите и се појавуваат нови цели во главата“, истакна тој.