Дома Фудбал Останато Во Албанија неработен ден поради Конференциската лига

Во Албанија неработен ден поради Конференциската лига

Албанската влада прогласи национален празник следната среда, кога во Тирана ќе се игра финалето на Лигата на конференциите меѓу Рома и Феенорд.

Поради очекуваниот наплив на Италијанци и Холанѓани за финалниот меч, властите донеле одлука дека е подобро да биде неработен ден.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Овој 25 мај ќе биде неработен ден за целата јавна администрација во Тирана и регионот на престолнината. Главниот град ќе биде пешачка зона како дел од мерките за најпримерно да се организира еден од најголемите настани во Албанија“, изјави албанскиот министер за внатрешни работи, Бледи Чучи.

На натпреварот се очекува да присуствуваат до 100.000 италијански и холандски навивачи. Капацитетот на Националната арена во Тирана е 20.000 седишта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…