Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ: Хет-трик на Каланоски за едно полувреме, Гостивар на бод од Вардар! 🎥

ВМФЛ: Хет-трик на Каланоски за едно полувреме, Гостивар на бод од Вардар! 🎥

Гостивар по двете нерешени средби со Пелистер (1:1) и Воска Спорт (0:0) сега им се врати на победите.

На отварањето на 21-то коло во Втората лига убедливо ја совладаа Слога Виница со 5:0. Играч на натпреварот беше Антонио Каланоски кој постигна хет-трик уште во првото полувреме. Конечните 5:0 со два гола во второто полувреме ги поставија Стојанчо Велинов и Сухејн Рушити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гостивар сега е второпласиран со 48 бода со еден бод помалку од Вардар кој савојот натпревар од ова коло го игра утре против Локомотив Пехчево.

Во вториот натпревар денеска Беса беше убедлива против Беласица со 3:0. Сите три гола домаќините ги постигнаа во првото полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Струга на три кола пред крајот се раздели со тренерот Дуро

Aктуелниот шампион на Македонија Струга Трим Лум во моменти кога е во трка за титулата на …