Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ: Гостивар ја прескокна Воска, Наумоски донесе победа за Пелистер

ВМФЛ: Гостивар ја прескокна Воска, Наумоски донесе победа за Пелистер

Гостивар лесно се справи со Кожув во Гевгелија и со победата од 3:0 дојде на втората позиција зад Вардар кој денес славеше во дербито со Воска.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Својата трета победа во низа Гостивар ја обезбеди после првото полувреме во кое водеше со 0:3. Стојчевски и Каланоски погодуваа за водство во првите 45. минута. Лазар Пеев во вториот дел ги постави конечните 0:3.

Пелистер обезбеди минимален триумф против Беласица. Никола Наумоски пред крајот на првиот дел го постигна единствениот гол на натпреварот.

Важни победи забележија Детонит Плачковски и Охрид. Детонит славеше со 3:2 со гол во 92. минута, треба да се знае дека имаа негатива од 1:2. Охрид дома ја победи Каменица Саса со 1:0.

Борец продолжува да тоне откако денес против Караорман го забележија десетиот пораз во низа. Арсими по промената на тренерот ја победи Беса со 2:0. Во последниот натпревар утре Тетекс ќе игра против Слога Виница.

Фото: ФК Гостивар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…