Талентираниот напаѓач Душан Влаховиќ одигра фантастична сезона во дресот на Фиорентина и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
21-годишниот напаѓач одбива да го продолжи договорот со Фиорентина и е спремен ова лето да направи чекор напред во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Виолетовите“ му понудија 4-годишен договор со плата од 3 милиони евра по сезона, но Србинот ја одбил пондата.
После брилјантната сезона за него интерес покажуваат Милан, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Фиорентина за неговата слобода бара 60 милиони евра, а заинтересираните клубови ќе се обидат да ја намалат таа сума.