Дома Останати Авто Мото Вињалес падна во последиот круг, Маркез искористи (видео)

Вињалес падна во последиот круг, Маркез искористи (видео)

Марк Маркез продолжува да испишува историја откако победи во Австралија, после возбудлива трка која се реши на самиот финиш.

Маркез така стигна до петтата победа по ред, односно 11-та сезонава, откако во последниот круг успеа да го премине Маверик Вињалес, кој падна од својот мотор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Вињалес на крајот не успеа да ја заврши трката, откако направи голема грешка и ја загуби првата позиција, па на подиумот се искачија уште и Кал Крачлоу и Џек Милер, додека Валентино Роси беше осми на крајот.

Маркез беше бавен во првиот дел од трката, но потоа во финишот стигна до 81-та победа во кариерата.

Во генералниот пласман убедливо води Маркес со 375 поени пред Андреа Довициозо со 240. Во екипна конкуренција лидер е Хонда со 381 поен, Дукати има 286, додека Јамаха 276.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…