Реал Мадрид и официјално ја продолжи соработката со Винисиус Жуниор до 30. јуни 2027 година.
Винисиус член на Реал Мадрид е од јули 2018 година кога пристигна како 18-годишник. За шест сезони во Мадрид Бразилецот собра 235 настапи и постигна 63 голови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Исто така освои девет трофеи од кои: Два во Ла Лига, шпанскиот Суперкуп и Светското клупско првенство, по еден во Копа Дел Реј, Лигата на шампионите и УЕФА Суперкупот.
Вистински херој за Реал беше во минатогодишното финале во ЛШ кога го постигна единствениот гол за „кралевите“ во победата од 1:0 против Ливерпул.
Сезоната 2021/2022 Винисиус беше прогласен и за најдобар млад фудбалер во Лигата на шампионите, а на двапати беше во најдобрите 11 во елитното натпреварување.
✍️ #ViniJr2027 pic.twitter.com/RQ0gVno2WI
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) October 31, 2023