Дома Фудбал Винисиус: Не ми е важно колку заработувам додека сум во најдобриот клуб во светот

Винисиус: Не ми е важно колку заработувам додека сум во најдобриот клуб во светот

Винисиус Жуниор игра одлично на почетокот на оваа сеозна и како што стојат работите ќе потпише нов договор со Реал.

Бразилецот експлодираше оваа сезона и е најдобар во тимот заедно со Бензема. Мадритските медиуми пишуваат дека новиот договор е спремен затоа што Винисиус е меѓу најслабо платените играчи во соблекувалната.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Винисиус потпиша договор во 2018 година кога од Фламенго пристигна за 45 милиони евра, додека платата не му е голема во споредба со онаа на неговите соиграчи. Се најавува дека Реал двојно ќе му ја зголеми и така Винисиус би станал еден од најплатените во Реал.

Самиот играч потврди дека сака да го продолжи договорот.

„Секако дека сакам да потпишам нов договор и да останам уште долго тука. Смирен сум, имам договор кој го потпишав на 16 години и не ми е важно колку ќе заработувам додека сум во најдобриот клуб во светот“, изјави Винисиус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез донел нова одлука: Две легенди заминуваат од Реал Мадрид!?

Реал Мадрид веројатно нема да ја продолжи соработката со клупските легенди Лука Модриќ и Л…