Дома Фудбал Винисиус добива нов договор и астрономска клаузула

Винисиус добива нов договор и астрономска клаузула

Винисиус Јуниор оваа сезона игра во фантастична форма во дресот на Реал Мадрид и се промовираше во еден од најдобрите млади фудбалери во светот.

Бразилецот во досегашниот дел од сезоната веќе постигна девет гола и запиша пет асистенции во сите натпреварувања.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој има договор со Реал до јуни 2025 година, но клубот сака да го награди за добрите партии и да му понуди подобар договор.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Винисиус во моментов заработува 3,5 милиони евра, а со новиот договор ќе добие двојно поголема плата, која со бонуси може да достигне до 9 милиони евра.

Притоа, во новиот договор на Бразилецот ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капело: Не можев да заспијам цела ноќ, ова е најголемата трагедија во историјата на Италија

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, како и повеќето Италијанци, е во шок. Видно …