Дома Останати Тенис Вимблдон: Серена во 10-то финале ќе игра против Кербер

Вимблдон: Серена во 10-то финале ќе игра против Кербер

Германката Анџелик Кербер и Американката Серена Вилијамс ќе се сретнат во овогодинешното финале на Вимблдон.

Во првото полуфинале Анџелик Кербер ја победи дванесетата тенисерка во светот, Јелена Остапенко со 2:0 (6:3, 6:3).

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Кербер ја победи Остапенко после 67 минути игра. Таа четири пати го одзема сервисот на противничката, додека Остапенко направи еден брејк.

Место во финалето обезбеди и Серена Вилијмас откако денес ја совлада Германката, Јулија Гергес исто така со 2:0 во сетови (6:2, 6:4).

Мечот помеѓу Вилијамас и Герегес траеше 70 минути.

За некогаш најдобрата тенисерка во светот ова ќе биде 10-то финале на Вимблдон и ќе се бори за осмата титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„ЧатГпт“ со прогноза за дуелот меѓу Ѓоковиќ и Алкараз – кој ќе игра финале на Ју-Ес Опен?

Во полуфиналето на Ју-Ес Опен 2025, се среќаваат двајца од најдобрите тенисери на денешниц…