Дома Останати Вимблдон распоред: Федерер стартува со Лајовиќ

Вимблдон распоред: Федерер стартува со Лајовиќ

Роџер Федерер одбраната на титулата на Вимблдон ќе ја започне со дуелот во првото коло против српскиот тенисер, Душан Лајовиќ.

Швајцарецот има отворен пат до полуфиналето во својот дел од костурот, за разлика од Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ кои ќе треба меѓусебно вкрстат во евентуално полуфинале.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Рафаел Надал ќе тргне против Дуди Села од Израел, Новак Ѓоковиќ ќе стартува против Тенис Сандгрен од САД, додека „домаќинот“ Енди Мари ќе се соочи со Беноа Пер од Франција.

Кај дамите, првата носителка Симона Халеп ќе игра против Куруми Нара, бранителката на титулата Гарбине Мугуруза ќе се сретне со Наоми Броди, додека Серена Вилијамс ќе го почне гранслем – турнирот против Аранча Рус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ се распадна по поразот на Ролан Гарос: Можно е ова да е мојот последен натпревар тука

ЈАНИК СИНЕР обезбеди место во финалето на Ролан Гарос. Првиот тенисер во светот во полуфин…