Дома Трансфер зона Вилијан прави „предавнички“ трансфер

Вилијан прави „предавнички“ трансфер

Англиските медиуми пренесуваат дека Вилијан може да направи изненадувачки трансфер во Ливерпул.

Договорот на Бразилецот со Челзи истекува ова лето и Вилијан ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ како слободен агент.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


За неговиот потис се заинтересирани многу европски клубови, но 31-годишниот Бразилец преферира да остане во Премиер лигата.

Англиските медиуми пренесуваат дека Вилијан веќе започнал преговори со Ливерпул, кој е спремен да му понуди 3-годишен договор и да ги задоволи неговите финансиски барања.

Вилијан може да се пресели на „Енфилд“ и пред седум години, кога на клупата на „црвените“ беше Брендон Роџерс, но тогаш Бразилецот го избра Челзи.

Вилијан е миленик на навивачите на Челзи, кои сигурно нема да му го простат овој потег доколку се пресели на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…