Дома Фудбал Англија Видете го лудиот пресврт на Арсенал!

Видете го лудиот пресврт на Арсенал!

Арсенал се спаси од пораз на „Витали“ стадионот во Борнмут, откако во последните 20 минути успеа да ја надомести негативата од три гола. „Топџиите“ од пораз ги спаси Оливие Жиру кој израмни на 3:3 во 92-та минута од натпреварот.

Арсенал одигра лошо прво полувреме и му дозволи на домаќинот во првите 20 минути да постигне два гола. Чарли Данијелс изведе прекрасна минијатура и го совлада Чех, а потоа Калум Вилсон погоди од белата точка. Водството на Борнмут го зголеми Рајан Фрејзер во 58-та минута.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Драмата на „Витали“ стадионот, Арсенал ја најави во 70-та минута кога Алексис Санчез го намали резултатот со својот 13-ти гол во Премиерлигата. Пет минути подоцна негативата дополнително ја намали Лукас Перез.

Судијата Мајкл Оливер во 82-та минута престрого, со црвен картон, го казни Френсис, а предноста од играч повеќе Арсенал ја искористи во 92-та минута кога Жиру ги постави конечните 3:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…