Фудбалерите на Рома ремизираа (1:1) на гостувањето кај Болоња во рамките на 30-то коло од Серија А.
Ди Франческо одлучи да ги одмара некои од клучните играчи, а тоа му се одби од глава бидејќи Болоња уште во 18-та минута дојде до водство преку Пулгар.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Рома ја имаше инцијативата, но не успеа да го израмни резултатот до крајот на првото поувреме. Во вториот дел во игра влезе Џеко кој ја спаси „волицата“ со гол 76-та минута.
До крајот Рома создаде уште неколку шанси, но не успеа да ги освои трите бода.