Младиот српски центар Никола Јокиќ со вториот трипл дабл во кариерата го сруши најдобриот тим во лигата Голден Стејт Вориорс, во натпревар во кој Денвер го победи вицешампионот со 132:110.
Денвер против лидерот во НБА лигата одигра совршен меч го израмни рекордот во лигата според бројот на постигнати тројки (24/40). Идентичен број на тројки сезонава уфрли и тимот на Хјустон но од 61 обид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јокиќ блескаше со трипл дабл од 17 поени, 21 скок (рекорд на кариерата) и 12 асистенции. 21-годишниот центар сам имаше само шест скокови помалку од целиот тим на Голден Стејт.
Филаделфија со одличниот Дарио Шариќ го победи Шарлот на гостински терен со 99-105, а Хрватот одигра комплетен натпревар со 18 поени и 11 скока.
Резултати: Шарлот – Филаделфија 99:105, Индијана – Сан Антонио 106:110, Бруклин – Мемфис 103:112, Мајами – Орландо 107:116, Милвоки – Детроит 102:89, Вашингтон – Оклахома 120:98, Далас – Бостон 98:111, Денвер – Голден Стејт 132:110, Феникс – Њу Орлеанс 108:110, Јута – ЛА Клиперс 72:88, Портланд – Аталанта 104:109.