Фудбалерот на Барселона и на шпанската репрезентација, 19-годишниот Гави се повреди во последното коло од квалификациите за Европското првенство, во кое Шпанија со 3:1 победи против Грузија.
Гави се подготвуваше да прими висока топка, а во еден момент застана поради болки во десното колено.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Станува збор за повреда која настана без тој да биде во дуел со некој од противниците.
Младиот играч за врска го напушти теренот во солзи со болна гримаса на лицето. Погледнете ја ситуацијата ТУКА.