Дома Фудбал Англија Видео: Челзи 10 од 10, Ибра го спаси Јунајтед!

Видео: Челзи 10 од 10, Ибра го спаси Јунајтед!

Синоќа беше комплетирано 16-то коло во Премиер лигата кое го одбележаа победите на сите фаворити, а Челзи ја запиша десетата победа по ред.

Тимот на Антонио Конте стекна предност од шест бода во однос на конкурентите, откако синоќа на гостувањето кај Сандерленд ја запиша 10-та победа по ред. Голот за поведа на „сините“ го постигна Цеск Фабрегас во првото полувреме.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ливерпул и Тотенхем со идентични 3:0 славеа против Мидлсброу, односно Хал. Два гола за Ливерпул кај Мидлсброу постигна Лалана, еден Ориги, додека Тотенхем до триумфот над Хал го предводеше Ериксен со два гола.

Манчестер Јунајтед како гостин славеше над Кристал Палас со 2:1. Ибрахимовиќ го постигна победничкиот гол на две минути до крајот на мечот. Претходно шведскиот интернационалец му асистираше на Погба за 0:1, а израмни Мекартур во вториот дел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Почина Питер Руфај (61), легендарниот голман на Нигерија и икона на Панини

Африканските медиуми вчера информираа дека почина Питер Руфај, една од најпознатите голман…